×
×

Безбедност
без гајле

MobiPay користи софистицирани безбедносни методи за мирно и безгрижно купување

bezbednost

Совети за безбедно користење

Најголем приоритет на MobiPay e безбедноста, затоа издвоивме неколку совети кои ќе Ви помогнат при секојдневното плаќање со мобилниот телефон:

  1. Кога ќе го добиете Вашиот MobiPay PIN код
  2. Дома
  3. На продажни места

Кога ќе го добиете Вашиот MobiPay PIN код

  • Запомнете го PIN кодот - никогаш не запишувајте го.
  • Не откривајте го PIN кодот никому.

Дома

  • Чувајте ги потврдите од трансакциите кои сте ги извршиле на продажните места и споредете ги со податоците од телефонската сметка или од месечниот извештај кои можете да ги најдете на порталот Мој Телеком.
  • Доколку забележите трансакција во месечниот извештај која е погрешна или на која не можете да се сетите, веднаш контактирајте го Контакт центарот на Македонски Телеком на бесплатниот телефонски број 122 или обратете се во најблиската Телеком продавница.

На продажни места

  • Проверете ги износите на трансакциите за да се осигурате дека е точен износот кој го одобрувате со внесувањето на PIN кодот и вашиот потпис.
  • Осигурајте се дека продавачот ви дал копија од потврдата за трансакцијата.

*Затскријте ја тастатурата на уредот со рака додека го внесувате PIN кодот, за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.

Плаќањата се вршат со патентирана DoV (Data Over Voice) технологија која овозможува виртуелно плаќање од кој било мобилен уред со активна линија од Телеком.