×
×

Правна напомена

MobiPay e регистрирана трговска марка пред надлежните органи од страна на Македонски Телеком. Услугите за мобилно плаќање ќе се комуницираат под трговскиот знак logo кој исто така e заштитен од Македонски Телеком.

Регистрацијата на трговската марка и трговскиот знак, во никој случај не треба да се толкува дека

Македонски Телеком е давател на услугата MobiPay туку дека единствено Македонски Телеком има право, врз основа на соодветен договор, да одобри користење на трговската марка и трговскиот знак од трети страни и други правни лица. Притоа, Македонски Телекомсе оградува од каква било одговорност спрема корисниците на услугите комуницирани под заштитената трговска марка MobiPay и трговскиот знак logo, а врз основа на склучени директни договори меѓу нив и давателите на услугите.

Доколку со која било содржина на интернет страницата www.mobipay.com.mk се нарушува нечие право на интелектуална сопственост, Ве молиме да нe известите.

Македонски Телеком го задржува правото во секое време да ја менува и ажурира содржината на интернет страницата www.mobipay.com.mk и не сноси одговорност за каква било штета од употреба или злоупотреба на содржината на интернет страницава.