×
×

Отсега Користете го Вашиот мобилен и како автобуски билет

MobiPay можете да го користите и како платежно средство во автобусите на Јавното Сообраќајно Претприејатие- Скопје и со него да го платите вашиот автобуски билет. Сė што треба да направите е да го завртите бројот 185 на вашиот телефон и да го доближите до валидаторот. При успешно плаќање ќе добиете звучна и светлосна сигнализација од валидаторот, а како потврда за вашата уплата и SMS порака, која треба да ја чувате до крајот на возењето.

Плаќањето на автобуските билети во ЈСП- Скопје e достапно само за корисниците на MobiPay преку постпејд сметка или MobiPay припејд сметка.

Цената на автобуски билет за едно возење изнесува 40 денари, а цената на вечерниот билет е 50 денари.

Сѐ уште немате активирано MobiPay?

Дознајте повеќе како да ја активирате оваа услуга тука.