×
×

MobiPay партнерство

MobiPay е плод на партнерска соработка помеѓу Македонски Телеком , НЛБ Тутунска банка и Стопанска банка АД Битола со цел креирање услуга која на корисниците ќе им го олесни секојдневието, нудејќи им модерен и паметен начин на плаќање. MobiPay истовремено обезбедува и дополнителна вредност за трговците кои ќе им ја понудат услугата на своите корисници, овозможувајќи им нов безбеден и сигурен канал за наплата.

Услугата во моментов е достапна за корисниците на Телеком и клиентите на НЛБ Тутунска банка и на Стопанска банка АД Битола, со стремеж MobiPay да стане услуга достапна за сите во Р. Македонија

Во моментов можност за користење на услугата MobiPay имаат преку 1 000 000 корисници на мобилната телефонија и преку 400 000 корисници на платежни картички, кои со MobiPay можат да плаќаат брзо, лесно и безбедно преку својот мобилен телефон.  

Отворени сме за соработка и партнерство со сите заинтересирани деловни субјекти (банки и оператори) заедно да ја направиме достапна оваа иновативна услуга за сите наши потрошувачи!