×
×

Плаќањата се вршат на голем број места

Процесот на плаќање трае неколку секунди:

slika
  1. Внесете го MobiPay PIN-от на терминалот за плаќање;
  2. Од вашиот мобилен телефон го бирате бројот 180 за идентификација*;
  3. Го приближувате мобилниот телефон до MobiPay терминалот.

По звучниот сигнал, плаќањето е извршено и добивате слип потврда на трансакцијата, како и SMS порака со детали за трансакцијата.

Доколку плаќате:

  • Преку постпејд телефонска сметка, сумата за трансакцијата ќе ви се додаде во наредната телефонска сметка.
  • Преку припејд MobiPay сметка, паричните средства ќе ви бидат одземени веднаш од припејд MobiPay сметката.
  • Преку банкарска сметка, паричните средства ќе ви бидат одземени веднаш од банкарската сметка.

*За MobiPay услугата ќе ви се додели посебен број за идентификација.

Од страна на НЛБ Тутунска банка или Стопанска банка АД Битола ќе ви биде доделен број за идентификација во рангот од 181 до 184.

Од страна на Телеком ќе ви биде додаден број за идентификација 180.

Преглед на Вашите реализирани трансакции и преостанат месечен лимит имате во секое време:

  • На порталот Moj Телеком (освен за MobiPay за припејд)
  • Со бесплатен повик на Визуелниот автомат *180#(**)
  • Со праќање бесплатна SMS порака со текст: TRANSAKCII на бројот: 070180 (***)
  • Со праќање бесплатна SMS порака со текст : STATUS на 141114(****)

Месечниот извештај на извршени трансакции го имате на порталот Moj Телеком (освен за MobiPay за припејд).

**По ваш избор се прикажува преостанат месен лимит, преглед на картички или последните 5 трансакции.

***Добивате повратна SMS порака од последните 5 трансакции.

****Добивате повратна SMS порака за преостанати средства од месечниот лимит.